Драган Јованов – Заштита на дишните органи со употреба на македонската современа фитомедицина

Симптоми
– Заборавеност и дишење со напор
– Кашлица со искашлување слуз
– Треска и температура
– Замор
– Тегобите при дишењето може да бидат придружени со
– Забрзано дишење и забрзани отчукувања на срцето
– Губење на здивот
– Болка во градите
– Мала главоболка
– Општа слабост
Ако подолго кашлате, искашлувате непрозирна слуз или останувате без здив. Тоа може да бидат знаци на бронхитис, емфизем или рак на бели дробови.
Ако имате висока температура 40 степени или повеќе, треска, болка во градите и кашлоца со која се искашлува крв. Тоа може да бидат знаци на воспаление на бели дробови или некоја друга посериозна болест
Ако дишењето ви е толку отежнато и тоа ве загрижува, многу болести можат да предизвикаат отежнато дишење.

Тешкотиите во дишењето можат да се поделат во три категории
– Инфекции на горните и долните дишни патишта како настинка, воспаление на синусите, воспаление на белите дробови и туберкулоза, хронични опструктивни болести на белите дробови како астма, бронхитис и емфизем и белодробни болести поврзани со одредени професии, како што се азбестозата и болестите од кои заболуваат рударите во рударниците за јаглен.

Причинители
Дишните инфекции, од лесни од исклучително тешки, главно ги предизивикуваат вирусите или бактериите кои ги населуваат дишните патишта. Вашата способност за противставување на овие инфекции зависи од повеќе фактори: возраста, постоењето или непостоењето на некој основни болести и дали пушите или не. За хронични опструктивни болести има низа причинители. Хроничните воспаленија на белодробното ткиво кои се својствени за астмата, може да ги предизвика полен, надразнувачко средство или телесни вежби. Разорувањето на белодробното ткиво што е последица на емфизем е предизвикано од претерано пушење или наследен недостиг на ензими. Белодробните болести што се поврзани со одредени професии можат да бидат последица на пречувствителност на луѓето на материи со кои се во допир на работното место или вдишување на одредени туѓи материи, како азбестни влакна, јагленов прав и каменен прав (кои предизвикуваат гликоза).
Дијагностички постапки
Лекарите користат различни дијагностички анализи и техники за оценување на тегобите во вашиот дишен тракт, вклучувајќи го ренгенското снимање на градите, ултразвучно снимање на белите дробови, КТ-снимање, анализа на примероците на плунката и тестови за работа на белите дробови. Кога е потребен точно одреден податок, може да се примени интензивна анализа. На пр. АБГ-тестот (тестот на гасови во артериската крв) го мери нивото на кислород и јаглероден диоксид во крвта, а со биопсија се добиваат примероци што можат да се прегледаат микроскопски.

Како можеме да си помогнеме при вакви здраствени проблеми
Многу инфекции на дишните патишта поминуваат сами од себе за една недела до десет дена. Дополнителни и конвенционалните начини на лекување нудат низа едноставни терапии за ублажување на тегобите.
Дополнителни начини на помагање или лекување
Дополнителните начини на лекување можат да помогнат да ги ублажите тегобите при дишењето. Посоветувај те се со фитотерапевт, ароматерапевт или стручно лице за лековити растенија за примена на етерични масла и билки за масажа и инхалација со пареа кои можат да ги намалат конгестиите и да го намалат воспалението.
Повеќето практичари се согласуваат дека имунолошкиот систем може да зајакне и да се одржува со помош на здрава исхрана и здравите навики во исхраната. Обидете се да ги примените препорачаните дневни дози на Витамин А, Б, Ц и Е и минералите Цинк и Селен.
Домашно лекување
Во текот на вообичаеното седумдневно до десетдневно траење на инфекцијата на дишните органи, за ублажување на симптомите најдобро е да мирувате во кревет, да пиете големи количества течности, и да ја зголемите влажноста на воздухот во просторијата во која престојувате.
Лековити растенија кои се користат за заштита на дишните органи во Македонската современа фитомедицина
Подбел (Tussilago farfara L.)
Подбелот е мало зелјесто долговечно растение со водорамни ризоми. Цвета на крајот на зимата и во почетокот на пролета додека не се појават листовите. Листовите на подбелот се развиваат тогаш кога растението ќе прецвета. Тогаш растението е двапати поголемо. Подбелот расте насекаде, покрај патишта, извори, потоци и канали. Цветот се бере рано напролет, а листот на крајот на пролета и во почетокот на летото. Листовите треба да се берат во пролет без дршки. Во листот на подбелот има доста слуз, многу малку горчливи материи, флобатанин, инсулин и фитостерол. За подготовка на лекот се собира сиот надземен дел од растението без коренот. Подбелот е одлично средство за ублажување, смирување на нападите и за лекување астма. Подбелот ги спречува воспалувањата, а постојаните брзо ги лекува. Тој има извонредна ефикасност во растворањето на слузта. Успешно се применува при лекување на засипнатост, катар на ждрелото, бронхитис, бронхијална астма и при почетен стадиум на туберкулоза на белите дробови. Облогата со чај од листовите се применува при воспаление на вените, чир на потколениците, како и при изгореници.
Мајчина душица ( Thumus serpyllum L.)
Мајчината душица е омилен лек не само кај народот, туку и во научната медицина. Мајчината душица е долговечно космополитско зелјесто растение. Листовите се цели, точкести, од многубројни жлездести влакна полни со етерично масло и имаат кратка дршка. Цветовите се долги 5 mm, двоусни, имаат кратка дршка и се влакнести. Цвета преку летото. Целото растение е со пријатен и многу ароматичен мирис и вкус. Има многу вариетети и форми на мајчина душица. Лековитите состојки се наоѓаат во листовите и цветовите од мајчина душица. Мајчината душица кај нас доста време се употребува, пред сѐ, како средство за лекување на органите за варење, против цревните паразити, особено против детските глисти. Ова лековито растение влегува во составот на лековити препарати за лекување на дишните органи. Чајот од мајчина душица служи за лачење на слузта, а има и одличен ефект за дезинфекција, па е мошне добар при појава на вишок слуз во дишните органи, против кашлица, бронхијален катар и друго. Исто така, чајот од мајчина душица има својство да го запира развојот на многу патогени бактерии, па токму затоа тој е одлично средство во борба против заразните болести. Мајчината душица е мошне ефикасно средство за лекување на слабокрвноста. Добро е мајчината душица да е измешана со исто количество коприва. Многумина грешат кога употребуваат чај од мајчина душица. Тоа не смее да се прави, затоа што лековитите состојки на оваа мошне миризлива и лековита билка со варењето особено во незатворен сад, многу брзо и целосно се губат, односно испаруваат. Поради тоа, се препорачува мајчината душица да се попари со зовриена вода, садот веднаш да се покрие и да се остави 2 часа да стои. За подготовка на чајот треба да се стават две лажици од билката во 2 dl зовриена вода.
Бозел ( Sambucus nigra L)
За лек се употребуваат цветовите, кората, плодот, листот и коренот. Чајот од листовите на бозелот се употребува за поттикнување на лачењето на урината, против насобрана течност во телото, за лекување шеќерна болест, како и за прочистување и подобрување на крвта. Чајот од цветовите на бозелот се користи за лекување настинки, бронхитис, кашлица, грип, почетно воспаление на белите дробови, силна кивавица, тешко дишење, астма, при почетна туберкулоза и кај сите ревматски заболувања. При подготовка на чајот се употребува лажиче чај за една чаша. Во текот на денот смее да се испие само една мала чаша или максимум две, и тоа во големи временски периоди, голтка по голтка. Тоа истовремено ќе ги отстрани тешкотиите при уринирањето, пречките во функционирањето на бубрезите и на мочниот меур, против водена болест, ревматизам на мускулите и на зглобовите и др. Овој чај, исто така, е мошне ефикасен и против тврда столица.

Босилек (Ocimum basilicum L)
Босилекот е наше народно омилено цвеќе. Кај нас е донесен од Индија. Денес се одгледува во многу европски земји не како цвеќе во цвеќарите, туку и за дестилација на етерични масла. Целата билка има пријатен мирис, а најмногу листовите. Вкусот е горчлив и ароматично лут. Кај нас се одгледува одамна не само како украс, туку и како зачин и за религиозни обреди. Се бере надземниот дел на лековитото растение и се суши на ладно место изложено на провев. Содржи етерично масло, танин, сапонин и горчливи материи. Народот го употребува босилекот како средство за смирување на нервниот систем, против гасови, тегоби во органите за варење, против цревни паразити, за зголемување на млечноста кај мајките што дојат, против воспаление на бубрезите и за регулирање на менструалниот циклус кај жените.
Бел слез (Althaea officinalis L)
Белиот слез е долговечно зелјесто растение високо 1-2 метри. Целото растение е обраснато со густи свилести влакна. Листовите се сребренобели и под прстите меки. Стеблото е право, едноставно и разгрането. Листовите се спирално поредени. Цвета преку целото лето. За подготовка на лекот се собира коренот од белиот слез. Слез е лесно средство против воспаление на слузокожата на уринарните, половите и дишните органи. Чајот од бел слез дејствува поволно против кашлица и бронхитис, а се препорачува и како лек при појава на бронхијална астма, почетна туберкулоза на белите дробови, при катар на мочниот меур, болно уринирање и тешко задржување на урината. Исто така, тој е корисен и при лекување на болестите на органите за варење на храната, а особено против воспаление на дебелото црево, пролив повраќање проследено со пролив кај доенчиња и др. За белиот слез карактеристично е тоа што тој дејствува смирувачки при акутни воспаленија на желудочната слузокожа, и тоа во комбинација со чај од камилица. Тој е добро средство и против хроничен катар на усната празнина кога сувата слузокожа предизвикува често поткашлување. Ефикасен е и како средство против упорниот хроничен катар кај пушачите. Белиот слез никогаш не смее да се вари, ниту пак да се прелива со многу жешка вода. Исечканиот корен од белиот слез се остава да стои во ладна вода околу два часа со повремено мешање. Потоа се цеди и дури тогаш малку се загрева и повторно се цеди. За една чаша чај се потребни околу три лажици бел слез.

РЕЦЕПТИ ЗА ЗДРАСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ НА ДИШНИТЕ ОРГАНИ ОДНОСНО РЕСПИРАТОРНИОТ СИСТЕМ
Превентивна терапија против пушачи
Чај од невен и бозел се става во сад со 1 l врела вода да стои еден час поклопен со капак. Се процедува и се додаваат две супени лажици мед. Се користи во мали голтки во текот на денот (6-8 пати на ден). Оваа билна терапија трае 10 дена
Акутно воспаление на дишните органи
Се зема 2 супени лажици лист и цвет од ајдучка трева, лист и цвет од плуќнаќ (pulmonarija officinalis) лист од жалфија, по една супена лажица цвет од бозел и лист од диво нане. Сето тоа се става во 1,5 литри врела вода. Потоа го оставате 90 минути поклопено. Го процедувате и засладете го со багремов мед по желба. Пијте по 2 дл пред и после доручек, ручек и вечера. Оваа билна терапија трае 10 дена
Хронично воспалени на дишните органи
Се зема по 2 супени лажици ситно исецкан лист и цвет од велигденче (pulmonaria officinalis) лист и цвет од ајдучка трева една супена лажица цвет од бозел, цвет од багрем и цвет и лист од босилок. Сето тоа се става во 1, 5 л врела вода. Така треба да соти поклопено 90 минути. Потоа се процедува и се пие засладено со мед по 2 дл пред и после доручек, ручек и вечера. Оваа билна терапија трае 10 дена
Отежнато дижење (диспноја)
Се зема 2 супени лажици ситно исецкан цвет и лист од златица, цвет од бозел, цвет од дивизма. Сетоа тоа се става во 1 л врела вода. Потоа поклопете го да одстои 2 часа. Процедете го и засладете го со багремов мед. Пијте го во текот на денот. Оваа билна терапија трае 10 дена.

Напишете коментар