Драган Јованов – Со фитомедицината во борбата против проширени вени
Симптоми при проширени вени
– Изразени темносини крвни садови особено на нозете и стапалата
– Болни, чувствителни или тешки нозе
– Често отекување на зглобовите
– Надуени, сини вени
– Болни и отечени екстремитети
– Сменета боја на кожата што се лупи
Обратете се на доктор
– Ако поради отокот не можете да одите или ако кожата на местата каде вените се проширени стане лушпеста, улкусна, склона на крварење или промена на бојата
– Проширените вени можете да ги одстраните од тегобите и да ги спречите можните потешкотии со крвотокот
– Ако имате црвени проширени вени. Тоа може да биде знак за воспаление на вените – тешко нарушување на крвотокот
– Ако ја пресечете проширената вена. Внимавајте на количеството изгубена крв и обратете се на доктор за да ги избегнете компликациите.
Проширените вени обично изгледаат како набабрени сини канапи што минуваат непосредно под основата на кожата. Може да се појават каде било на телото, иако најчесто се појавуваат на нозете и стапалата. Видливо отечени и набабрени вени, понекогаш опкружени со видливи сини капилари слични на мрежа од пајак се нарекуваат површински проширени вени. Иако можат да бидат болни и да изгледаат грубо обично се безопасни. Кога ке се воспалат стануваат чувствителни на допир и можат да го отежнат крвотокот и така да предизвикаат отекување на зглобовите, чешање на кожата и болки во екстремитетите.
Освен површинска мрежа на вени, нозете имаат и внатрешна или длабинска венска мрежа. Во ретки случаи внатрешната вена на ногата може да се прошири. Таквите длабински површински вени обично не се видливи, но можат да предизвикаат отекување и болка во нозете. Во длабоките проширени вени можат да се создадат крвни грутчиња. Воспалението на длабоките вени или тромбофлебитис во бутовите и карлицата може да доведе до белодробна емболија, потенцијално смртоносна болест.
Проширените вени се релативно честа болест и кај многу луѓе се последица на наследен фактор. Жените заболуваат од проширени вени најмалку 2 пати почесто од мажите. Се смета дека 10 проценти од мажите и 20 проценти од жените заболуваат од некој облик на проширени вени.
Кои се причинителите за појава на проширени вени?
За да можат да пренесуваат крв богата со кислород од белите дробови во другите делови на телото, артериите имаат дебели слоеви на мускули или еластично ткиво. Но за да ја вратат крвта назад до срцето, вените се потпираат главно на околните мускули и на мрежата на еднонасочни залистоци. Кога крвта минува низ вената, залистоците наизменично се отвораат за да овозможат протекување на крвта, а потоа се затвораат за да го спречат затворањето на крвта.
Проширувањето на вените е последица на хронично зголемување на крвниот притисок што ги шири вените. Кога венските зидови ќе се рашират, залистоците веќе не се затвораат целосно, па на мускулите им е отежнато потиснувањето на крвта ,,нагоре,,. Наместо да тече од еден залисток до друг, крвта почнува да заостанува во вената, се зголемува венскиот притисок и веројатноста за затнување, а вената може да набабри и да се сврти.
Бидејќи површинските вени имаат помала потпора отколку длабоките, поголема е веројатноста за појава на варикозитет на површинските вени.
Секоја болест што дополнително ги оптоварува нозете или стомакот може да предизвика варикозитет. Најчести причини за зголемување на притисокот во вените се бременоста, дебелината и долготрајното стоење. Освен тоа и хроничниот запек и во ретки случаеви туморите, може да предизвикаат појава на проширени вени. Недоволно движење исто така може да придонесе за проширување на вените, бидејќи ако се неактивни мускулите не можат да пумпаат крв. Склоноста кон варикозитет расте со возраста, па како што е човекот постар има и послаби вени. Спротивно на вообичаеното мислење, седењето со скрстени нозе не предизвикува појава на проширени вени, иако може да влијае на влошувањето на болеста.
Со фитомедицината во борбата против проширени вени
Полесните случаи на проширени вени не е потребно да се лекуваат. Тегобите предизвикани од проширени вени може да ги намалите со вообичаено лекување дома и со разни фитотерапевтски препарати. За да ја спречите успешно појавата на проширени вени, обидете се да примените 2 метода: употребувајте природни билки (Линцура, невен, див костен и др) против болки и превентивно вежбајте за да го одржите телото цврсто и во форма.
Со нежно триење на рузмариново масло во зафатениот дел со ширење на капиларите може да се подобри крвотокот. Маслото од чемпрес и камилица можат да ги смират отоците, воспалението и болките.
Многу растенија имаат долга традиција за помош при лекување на проширени вени, а некои од нив биле предмет на научни проучувања. Утврдено е дека гинкото, глогот и боровинката ги јакнат крвните садови и го забрзуваат периферниот крвоток. Тинктурата и мастите од див костен исто така се препорачуваат за јакнење на вените и смирување на воспалението.
За да ги одстраните наталожените белковини наречени фибрин, поради кои кожата околу проширените вени станува потврда и по набрана, јадете повеќе пиперка, лук, кромид, ѓумбир и ананас кои содржи бромелаин, ензим кој го потикнува разградувањето на фибринот.
Редовната масажа може значително да ги намали тегобите предизвикани од проширени вени
Миењето со сунѓер или туширањето на нозете со студена вода може да ги намали болките во случај на проширени површински вени. Топлите и студени бањи можат да го забават развојот на проширените вени во стаплата и зглобовите. Ставете ги стаплата во топла вода 2 мин, а потоа во студена пола минута. Постапката повторувајте ја наизменично 15 мин. Во водата можете да додадете и масло за ароматерапија.
Исхрана
Исхраната има решавачка улога во лекувањето на проширени вени. Ваша цел е да го забрзате крвотокот и да ја одржите нормална телесната тежина. Вишокот телесни маснотии го забрзува задржувањето на водата и врши притисок на нозете и стомакот, влошувајќи го проширувањето на вените. За да ги намалите телесните маснотии, јадете храна богата со растителни влакна. За да го забрзате протокот на здравите, хранливи материи, но и отпадните материи низ организмот, овошјето, зеленчукот, и житото со полно зрно нека бидат основата на вашата исхрана. Пијте многу течности, особено вода.
Некои витамини и биофлавоноиди – природни материи што се наоѓаат во многу видови зеленчук и овошје – може поволно да влијаат врз проширените вени. Пијте по 500 мг витамин Ц, и 400 витамин Е на ден. Биофлавоноидите ја забрзуваат адсорпцијата на витаминот Е. Се наоѓаат во многу продукти вклучувајќи ги цитрусите, кајсиите, боровинките, капините, црешите, шипинките и хелдата. Денес биофлавоноидите се достапни во облик на додатоци со хранливи материи.