Драган Јованов-Мириса убаво но кои се лековите својства на Јоргованот

Јоргован (lat. Syringa Vulgaris)

Јоргованот потекнува од Турција, а кај нас се одгледува како украсно дрво во градината и режено цвеќе. Постојат повеќе од 1000 видови со различна големина и цветови, а растат од 2 до 10 m. Има срцелики листови и мали цветови групирани во грозд, во бела, жолта, розова, виолетова, сина и црвена боја, но кај нас најчесто се сретнува виолетов и бел.

Цветовите имаат јак мирис, а големи се 5-10 mm, едноставни или дупли. Во зависност од видот, цвета од април до мај. Посадете го на место со многу сонце, иако може да расте и во лесна сенка, најдобро во есен или пролет. Земјата треба да биде влажна и добро дренирана. Садењето се врши на растојание од 1,5 до 5 m, зависи кој вид го садите и колку место му треба да се разграни. Откако ќе го посадите треба обилно да се полева. Се размножува најчесто со резници, од март до јуни. Резниците се долги 20-25 cm, со по 5-6 ливчиња. Добро би било долниот дел на резницата да се потопи во хормон за закоренување,па потоа да се посади во мешавина од хумус и земја. Потоа се покрива со најлон и се остава на некое потопло место. Најлонот треба да се крева секојдневно за да влегува воздух. И тогаш има потреба од сончеви зраци, но не пресилни.
Земјата не треба да биде премногу влажна бидејќи може да предизвика трулење, но полевањето е задолжително. Освен со резници, се размножува и од семе и со калемење. Пресадувањето се врши во пролет, а младите растенија лесно го поднесуваат. Јоргованот расте многу брзо. Во пролет ставете слој на малч (суви гранчиња и исечени дрвца) и компост околу стеблото. Треба и да се прихранува со ѓубриво богато со фосфор за да богат со цветови, но ова треба да се повтори и откако цветањето ќе заврши. Кога ќе заврши цветањето може да го скроите ако има некоја гранка која ви пречи или сакате да го размножите. Само внимателно бидејќи со кастрењето се раѓаат млади гранки кои ќе цветаат по 1 до 5 години, а некастрените гранки цветаат секоја година. Сепак, со кастрење на 1/3 од старите гранки јоргованот се подмладува. Ако има млади изданки околу коренот потребно е да се отстранат за да не ја црпат енергијата на матичното растение. Гранките треба да се разретчат за да се овозможи секоја од нив да прими доволно светлина.

ФАМИЛИЈА: Oleaceae.
ОПИС:
Јоргованот е дрво високо и до б метра. Листовите се јајцевидни, кон врвот заострени, на рабовите се цели и co лисна дршка. Цветовите се хермафродитни, по боја виолетови, розеви, бели или црвени собрани во сложени гроздовидни соцветија co пријатна миризба. Плодот е топчест co светлокафеава боја и има 2 семенки. Јоргованот како дрво самоник поретко се среќава. Најмногу го има како украсно растение по домашни дворови и паркови.
BPEME HA ЦВЕТАЊЕ: од април до мај.
СОБИРАЊЕ:
Од јоргованот се собира цветот и листот во време на цветање во убаво и сончево време. Цветовите се сушат во сенка или во сушилница на 35 °Ц, а листот при 45 °Ц.
Цветовите се чуваат 1 година, а листовите 2 години.

ХЕМИСКИ СОСТАВ:

Цветот содржи етерично масло, гликозид сирингин, сирингопикрин, форнезол, органски киселини и др.
Листот содржи гликозид сирингин, витамин Ц и други неиспитани соединенија.

Јоргованот ја намалува температурата и ја стимулира секрецијата на желудникот, a co тоа се подборува варењето на храната. Лековитото дејство се должи на присуството на горчливите материи од гликозиден тип и на алифатичен сесквитерпен форнезол, како и на присуството на аскорбинска киселина. Се препорачува и како средство за зголемување на апетитот и регулирање на менструацијата.
ИНДИСКИ ЈОРГОВАН
________________________________________
Индискиот јоргован (Lagerstroemia indica) претставува декоративно дрво, односно жбун, а посебно се истакнува со своите цветови. Води потекло од Индија и Кина, а се простира дури до Австралија. Во зависност од желбата и начинот на одгледување, индискиот јоргован може да се одгледува во вид на жбун или како помало дрво, што се лесно постигнува со поткастрување. Индискиот јоргован може да се одгледува како самостојно растение (солитер), во групи или дрвореди, додека пак ниските форми може да се одгледуваат на тераси – најчесто на Медитеранот може да се види ваква слика. Многу е едноставен за одржување. Во природата достигнува висина до 8 метри, додека пак на нашето поднебје не достигнува повеќе од 3-4 метри. Поради својата отпорност на ниски температури, може да го насадите и во градината. Доколку го посадите во саксија ќе цвета многу малку. Цветовите, по кои е препознатлив, може да бидат бели, црвени, виолетови или розеви. Групирани се во вид на помали букети. Цвета во текот на летото и есента (јуни-октомври). После цветањето, се создават плодови/чаури, кои на гранките остануваат до следната пролет. Покрај неверојатно декоративните цветови, бојата на стеблото е исто така доаѓа до израз со своите прошарани црвено-кафеави линии. Индискиот јоргован бара сончеви позиции, по можност во текот на целиот ден. Во лето залевањето со вода треба да биде редовно, но умерено. Ова правило важи доколку почвата е добро дренирана, односно да не ја задржува водата. Составот на земјиштето не е толку битен, меѓутоа почвата треба да биде неутрална до благо кисела. Се препорачува прихранување за да се добие обилно цветање. Поткаструвањето е особено битно, бидејќи цветовите се формираат на гранки од тековната година, така да пред почетокот на вегетацијата треба да се отстранат слабите и непотребни гранки. Се размножува со семе или резници. Семето пред сеидба се потопува во вода 24 часа, а потоа се сее на длабочина колку пречникот на семето. Константна влажност и температура од околу 24°С се идеални услови за одгледување. Се размножува со полудрвенети резници во текот на летото и есента. Внесете некоја новина во вашата градина или тераса и уживајте во боите на цветовите !!!
Свежи цветови од јоргован ставете ги во тегла, налејте масло преку нив, затворете и оставете на сонце 15 дена. Со ова масло масирајте ги заболените делови од телото и ставајте облози.

Помага и во случај при пречки во дигестијата, па со него се масира стомакот.

ПРОТИВ ОТОЦИ НА НОЗЕ

50 грама иситнет цвет од виолетов јоргован
50 г лист од бршлен
50 г цвет од див костен
1 литар маслиново масло

Сите состојки ставете ги во стаклена тегла или шише, затворете и оставете во топла соба 30 дена, со повремено протресување.

Mасло од Јоргован
Главната примена на цветот од јоргован, т.е маслото од јоргован е за намалување на болки од реума. Кората на дрвото од јоргован и лушпите на плодот се користат за лечење од маларија, за црн дроб (против некроза), лечење на дијареја, одстранување на глисти од цревата….МЕТФОРМИН е лек кој се добива од јоргованот (одредени видови на јоргован) и се користи за лечење од дијабетис тип 2 и за лечење и превенција на тумори и канцерогени состојби. Во клиничко истражување е забележано дека опитните глувчиња кои добивале метформин во храната имале 57% помалку тумори на црниот дроб од оние кои не добивале метформин во храната. Големината на туморите се намалила за 37%. Сепак, пред употреба на јоргованот како лек, прочитајте убаво или советувајте се со стучни лица. Секој лек кој не се користи на вистинскиот начин, може да биде и отров. Во стаклена тегла ставете ги цветовите од јоргованот. Прелејте ги со маслото, затворете ја теглата и оставете на Сонце три недели. Потоа прецедете го маслото, складирајте го во стаклен сад (шише, тегла, то ви одговара) и користете го по потреба и желба. Толку. Јас кога сакам да направам масло, а најмногу сакам да го задржам автентичниот мирис на билката (лаванда, рузмарин, јоргован, камилица) користам парафинско масло. Го има во секоја аптека во пакување до 500мл и 1 л. Безбојно е и нема мирис.

Во принцип можете да го користите секое масло, но доколку мирисот ви е најважен, моја препорака е парафинското. Доколку се одлучите за друг вид на масло пожелно е да е ладно цедено, за да имате повеќе корист од сите хранливи состојки од растението.

Работи кои сите љубители на јоргованот треба да ги знаат
Тој прекрасен опоен мирис во еден момент успева да ги разбуди сите сетила, а има таква моќ дури и да ве смири инстантно и да ве однесе во некој магичен свет.
Да, токму таков е јоргованот.
Ако го сакате, тогаш треба да знаете неколку работи за него:
1. Јоргованот цвета само неколку седмици во текот на пролетта.
2. Меѓутоа, постојат одредени видови кои цутат повеќепати во годината.
3. Одредени видови можат да преживеат и на екстремно ниски температури (до -50 степени).
4. Постојат повеќе од илјада врсти на јоргован.
5. Припаѓа на семејството маслинки.
6. Цвеќето на јоргованот може да се јаде.
7. Во јазикот на цвеќињата, виолетовиот јоргован е симбол на првата љубов.
8. Дрвото на јоргованот може да нарасне и до 8 метри.
9. Виолетовиот јоргован најсилно мириса за време на топлиот сончев ден.

Напишете коментар