Драган Јованов ФИТОТЕРАПЕВТ- Борба против стрес, депресија

Симптоми кај депресија
Кај тешка депресија, можеби ќе почувствувате четири или повеќе од следните симптоми:
– Долготрајна тага, песимизам
– Чувство на вина
– Безвредност
– Беспомошност и безнадежност
– Губење на интересот за вообичаените активности, вклучувајќи го сексуалниот нагон, или неможност за наоѓање задоволство во нив
– Отежната концентрација
– Несоница или претерано спиење
– Дебелење или слабеење
– Замор, недостиг на енергија
– Анксиозност, вознемиреност, раздразливост
– Размислување за самоубиство или смрт
– Забавен говор, забавени движења
Кај децата и адолесцентите:
– Несоница, замор, главоболка, болка во желудникот, вртоглавица
– Безволност, повлекување во осаменост, слабеење
– Злоупотреба на дроги или алкохол
– Намалување на успехот во училиште
– Отежната концентрација
– Осамување од пријателите и семејството
Кај дистимијата (полесна, но хронична депресија) симптомите ќе бидат полесно изразени, ќе има помалку, но ке траат подолго.
Ако вас или вашето дете ве обземаат мисли за самоубиство или покажување други знаци на тешка депресија или дистимија, лекарот може да помогне (психологот или психијатарот)

Забелешка: Постои јасна разлика меѓу депримираност (т.е моментално депресивно расположение или потиснатост) и проблемот со депресија. Ако извесно време се чувствувате потиснати, немојте да се загрижувате. Но ако чувствувате дека не можете да го совладате својот очај, побарајте помош.
Речиси сите понекогаш се чувствувате потиснати, обично поради некоја вознемирувачка случка во вашиот живот. Депресијата што трае, како на пример тешката депресија е поинаква работа. Депресијата во некој свој облик зафаќа 25 проценти од сите жени, 10 проценти од мажите, и 5 проценти од адолесцентите во целиот свет.
Се работи за најзачестениот психолошки проблем, кој на пример во САД зафаќа околу 17, 6 милиони луѓе секоја година.
Кај нас во Република Македонија скоро секој 3 човек страда од некој облик на депресија, стрес, анксиозност како сакате наречете го, со што тоа е доста голема бројка, најчесто тешка финансиска сиромаштија, тешкиот начин на живот, загуба на некоја блиска личност, депресија поради тешка болест, или некое разочарување проследено со депресивни моменти односно анксиозни испади и слично.
Депресивнната реакција (лесна или често привремена депресија) опфаќа нормални чувства на депримираност или постојаност кои се јавуваат како последица на специфични животни состојби. Симптомите можат да бидат тешки, но лекување обично не е потребно и тие со време се смируваат, по две недели до 6 месеци.
Дистимија (лесна, хронична депресија) слично на депресивната реакција според своите симптоми и степенот на страдање, трае подолго-најмалку две години.
Тешка депресија, или депресивна болест, е сериозно нарушување што може да доведе до неможност за дејствување или дури и самоубиство. Болните не само што поминуваат низ периодот на потиснатост и лошо расположение, туку покажуваат и потешки симптоми, вклучувајќи ги и зигубените интереси за вообичаени активности., крајниот замор, тегоби во спиењето, или чувство на вина и на беспомошност. Кај нив е поголема веројатноста дека ке ја изгубат врската со реалноста, понекогаш добиваат хаулцинации. Тешката депресија обично се појавува спонтано, навидум не е предизвикана од ништо, и често изчезнува, исто така сама од себе, обично за 6 до 12 месеци. Поради нејзиното онеспосувачко дејство или можноста за самоубиство, тешката депресија треба да се лекува. Депресијата може да се појави во секоја возраст, вклучувајќи го и детството. Периодот од животот во кои болеста често настапува се почетните средни години, а депресијата е многу раширена меѓу постарите луѓе, како реакција на фактите поврзани со стареењето, смрта на сопружникот или пријателот, телесните ограничувања поврзани со возраста и соочувањето со смрта. Постарите вдовци се склони кон самоубиство.

Причинители
Депресијата е здравствен проблем за кој изгледа има различни причинители. Депресивната реакција или нормалната депресија се јавува како последица на одредена случка. Депресивните расположениа можат да бидат придружени со појава на примање на некои лекови, хормонски промени (на пр. Менструација или по породувањето) или телесни заболувања, како што се грипот или вирусна инфекција.
Иако вистинските причинители на тешката депресија и дистимија не се познати, денес истражувачите сметаат дека двата облика се последица на нарушувањето на нервните преносници или невротрансмитери во мозокот, особено на серитонинот кои го потикнува расположението. Изгледа дека ова нарушување има силна генетска компонента: при едно испитување 27 проценти на деца со депресија имале блиски роднини кои имале вакви здравствени проблеми со нарушување на расположението.
Испитувањата покажале дека 74 проценит од луѓето кои побарале помош поради депресија одат на лекар од примарна здравствена заштита, а во 50 проценти од тие случаи се поставува погрешна дијагноза. Постарите луѓе се во најголема опасност од тоа кај нив да се предвиди депресија или да се постави погрешна дијагноза.
Поради овие причини неопходно е да се посоветувате со психијатар или психолог заради дијагноза и понатамошно лекување.
Лекување
Многу начини на лекување со фитомедицина и конвенционални кои се достапни во случај на депресија. Начините на лекување може да се разликуваат со оглед на причините за депресија и нејзината тежина.
Многу фитомедицински начини на лекување се делотворни, особено кај полесните облици на депресија. Кај потешките начини на депресија се сметаат како дополнителни начини за лекување. За тешка или хронична депресија е неопходно да ја лекува психијатар.
Освен споменатите начини на лекување би можеле да размислите за акопресура или акопунктура кои можат да помогнат при смирувањето на некои симптоми.
Масажата која смирува и дава енергија и го засилува закрепнувањето на организмот, може исто така да помогне. Направете ја еднаш неделно ако сте во можност.
Ароматерапија
Ароматерапијата може да го ублажи менталниот замор и да помогне при спиењето. Етеричните масла кои можат да помогнат при депресија се босилок, жалфија, јасмин, роза и камилица.
Телесни вежби
Телесните вежби е неопходно да бидат составен дел од секое лекување на депресијата, со нив се подобрува движењето на крвта во мозокот, се подобрува расположението и се ублажува стресот. Испитувањата покажуваат дека 30 минутно трчање 3 пати неделно може да биде еднакво на делотворно лекување на депресијата како и психотерапија.
Комбинација со лековити растениаја против депресија
2 лажици кантарион, 1 лажица овес, 1 лажица лаванда и 1 лажица пелин се прелива со 300 мл врела вода се остава да одстои 20 мин. Се процедува и се пие сабајле и навечер половиан час пред оброк.
Психоматско лекување
Многу психоматски начини на лекување помагаат при депресија. Музиката и танцот можат да го подигнат расположението и да му дадат енергија на телото. Медитацијата и техниките за олабавување, како што е прогресивното олабавување на мускулите истовремено стимулираат и олабавуваат. Во други начини се вбројува и јогата. Одберета една од нив и применувајте ги секојдневно.
Исхрана
При депресија правилната исхрана е многу важна. Зголемете го внесот на здрава храна, како што се интегралните житни растенија, немасно месо, овошје и зеленчук, рибите и млечните производи со мала масленост. Алкохолот строго се забранува. Во тој период одречете се од готовите јадења, шеќерот кофеинот кои предизвикуваат ненадеен пораст на енергијата или чувство на еуфорија, а потоа доаѓа до сосема поинаков ефект.
Преку научните испитувања се упатива на тоа во тој тежок период да се земаат витамини од Б групата, фолна киселина, селен. Добар се покажал триптофанот, кои можете да го најдете во одредени видови храна (мисирка, пиле, риби, варен грав, грашок, пивски квасец, ореви и соја). Треба да консумирате храна со јаглехидрати (компир, тестенини, ориз и др) кои го олеснуваат влегувањето на триптофанот во мозокот.
Превенција
Некои облици на депресија може да се спречат, па во една понова теорија се тврди дека можеби ги предизвикува неврохемиското нарушување во мозокот. Постојат уверливи докази дека депресијата често може да се ублажи или спречи со навиките за здраво живеење. Правилната исхрана, телесните вежби, одморот, одбегнување на прекувремена работа и одвојување време за работите што уживате да ги правите, ги намалуваат изгледите за појава на депресија.

Внимание
Депресијата не е знак на емоционална слабост. Тоа е проблем со физиолошки и психолошки причинители. Повеќето случаи на депресија поминуваат недијагностицирани и нелекувани често поради тоа што луѓето се жалат само на некои симптоми, па лекарите од примарната здравствена заштита не ги разгледуваат можностите за депресијата како причинител. Ако подолго време страдате од тегоби опишани како симптоми на депресија, немојте да се двоумите побарајте помош од психијатар или психолог, кои вашиот здравствен проблем можат да го дијагностицираат правилно, и исправно да ве лекуваат.

Напишете коментар