Драган Јованов – Фитомедицинска заштита при камења во жолчка
Симптоми при камења во жолчката
– Камењата во жолчката најчесто се откриваат кога ќе се насоберат во еден од каналите низ кои поминува жолчката, сокот за варење, од жолчката до тенкото црево
– Кога ќе се случи такво затнување, можете да го доживеете следното
– Силна и ненадејна болка под десниот ребрен лак и можно ширење на болката под десната лопатка
– Повремени или постојани тегоби при варењето
– Температура и треска
– Мачнина и повраќање
Обратете се на доктор
– Ако болките во стомакот почнат сосема ненадејно, траат над 3-4 часа и се придружени со чувство на болка под десниот ребрен лак, можеби имате камења во жолчката или инфекција на жолчните канали
– Ако забележите жолтица, жолчниот канал можеби ви е затнат со камења, што предизвикува собирање на жолчка во црниот дроб и нејзино навлегување во крвотокот.
Камењата во жолчката се кристални наслојки што се создаваат во жолчката мал орган во облик на крушка во кој се собира жолчката, сок за варење што го создава црниот дроб. Тие наслојки може да бидат мали како зрно песок или големи како топче за голф, може да бидат тврди и меки, мазни и рапави. Можете да имате неколку камења во жолчката или само еден. Речиси секој 10 ти човек има камења во жолчката или ке ги добие еднаш во животот, но повеќето луѓе кои ги добиваат не заболуваат. Веројатно тоа што не го знаете нема да ви штети, камењата кои едноставно пливаат во жолчката главно не предизвикуваат симптоми и не ви пречат. Сепак колку подолго каменот се наоѓа во жолчката, толку е поголема веројатноста дека ке предизвика проблеми. Може да поминат и 25 години пред каменот да почне да создава тегоби.
Кога ке се појават симптомите, тоа е обично поради каменот што почнал да се движи и заглавил во цистичниот канал кој ја поврзува жолчката со другиот канал наречен заеднички жолчен канал. Типичен симптом е болка во стомакот понекогаш придружена со мачнина, тегоби во варењето или температура. Болката предизвикана од стегање на жолчката околу заглавениот камен обично се јавува еден час по голем оброк или среде ноќ. Камењата, исто така може да го затнат заедничкиот жолчен канал што ја пренесува жолчката до тенкото црево.
Затнувањата на жолчниот премин можат да предизвикаат воспаление и инфекција на каналот. Ако тегобата трае неколку години, може да доведе до оштетување на црниот дроб и можен застој во работата на црниот дроб. Затнувањето на заедничкиот жолчен канал кој се соединува со истечениот канал на панкреасот во тенкото црево, исто така, може да предизвика воспаление на панкреасот.
Кои се причинителите за камења во жолчката?
Основна функција на жолчката е чувањето на жолчката, кафеава или зеленикава течност што му помага на организмот во разградувањето на масната храна. Кога јадете насобраната жолчка минува во од жолчката во цистичниот канал. Течноста потоа минува низ заедничкиот жолчен канал и влегува во тенкото црево.
Основни состојки на жолчката се холестеролот и жолчните киселини. Обично концентрацијата на жолчните киселини е доволно висока да го разгради холестеролот во смеса и да го задржи во течен облик. Сепак, исхраната богата со масти може да ја наруши оваа чувствителна рамнотежа така што црниот дроб почнува да создава повеќе холестерол отколку жолчните киселини можат да го разградат. Како последица на тоа, еден дел од тој вишок холестерол се стврднува и се преобразува во кристали кои ги нарекуваме камења во жолчката. Околу 80 % од камењата во жолчката се создаваат на ваков начин. Преостанатите 20 % се составени од калциум помешан со жолчен билирубин.
Истражувачите откриле дека исхраната со крајно малку маснотии исто така, може да придонесе за создавање на камен во жолчката, со малку масна храна за варење жолчката ја врши својата работа побавно од обично така што холестеролот има повеќе време да се стврдне. Други фактори можат да ја намалат активноста на жолчката и да доведат до создавање на камен во жолчката како на пример цироза, употребата на орални средства за контрацепција и бременоста.
Исхрана
Во зависнот од тежината на вашиот случај, измените во исхраната можат да ги смират жолчните тегоби. Иако намалувањето на мастите во исхраната може да помогне за спречување на создавањето камен во жолчката, изгледа дека општото намалување на тежината е најдобриот начин за избегнување на нивното создавање и намалување на болните симптоми на камења во жолчката. Ако имате вишок килограми, правилната исхрана и вежбите ќе ви помогнат да ја намалите својата телесна тежина и ке ја намалите можноста за појава на камен во жолчката.
Лековити растенија кои се користат во Фитомедицината при камења во жолчката
– Петровец
– Смилот
– Глуварче
– Водоопија
– Магдонос