Доделни Наградите од Конкурсот по Повод Детската недела

Домот за деца и млади „Благој Мучето“, денеска ги додели наградите за најдобрите творби од распишаниот конкурс на тема „Сите заедно за подобро утро„. Конкурсот беше распишан за сите ученици од основните училишта од регионот, а по повод Детската недела која во Македонија се одбележува секоја година на почетокот на месец октомври. Сите наградени ученици добија пригодни подароци обезбедени од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица. Оваа манифестација беше само дел од низата активности што ги организира Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица.Истата се состои од повеке делови, а според организаторите, најголемо значење има Конкурсот за литературни и ликовни творби по повод Детската недела.

 

Напишете коментар