ДОБАР ДЕН , СТРУМИЦА

Струмица е Benetton… во поширока смисла на зборот. Се сакате затоа што сте различни, се мразите затоа што сте различни.. Се бирате уште од градинка , па од музичко ,фудбал,кошарка, ластик, пред зграда ,од маало , од кај баба дека шо живее, оти мама така кажа… и после се предомислувате па ни „добар ден“ нема .

Овде е единственото место во Македонија каде можеш да седиш на маса со некого на два саата и да станете другари за цел живот…-ова ми го рече пријател што не е од Струмица . Само едни со други се почесто сте си душмани… де те зборела вештерката , де смрдлата те гледа од високо, де коконата те поминала, друштвото ти било лошо, фустанот ти бил прекраток, компирите ти биле нелупени.

На на секој влез на градов треба да стои табла „СЕДИ , не ме знаеш“ ! Сите нешто глумат.. Мало појаснување : смрдла-шмизла вештерка-комшивка , кокона-другарка (или бивша другарка или само бивша) , снаа-свекрва-турско (не мислам на кафето)… И да, никој не го разбира струмичкиот освен струмичани..а тие бабите од „ГувУри Струмички“ – тие ни јас не ги разбирУм.

И како што приметивте сите проблеми во градов ви ги прават жените ! Ех ..не баш, ама тоа е за некој друг муабет. Таа вештерката пред зграда што те испраќа и пречекува и не е баш вештерка затоа што знае повеќе за дечко ти и од тебе и убаво е да и кажеш Добар ден , затоа што за едно 5-10 години ќе и го тутнеш од врата сопственото дете во рацете нејзини затоа што нема да можеш истовремено маж ти да го носиш во болница во една рака ,а во другата детето. Е нејзе ќе и го тутнеш, затоа што само таа е дома сама .

Тој пијаницата што се тетерави секоја вечер накај дома, бил другар со татко ти . Незнаеш дали ќе те натепа или ќе те гушне кога ќе те види – кажи му Добар ден , истиот тој ќе ги избрка кучињата што ќе те лаат кога и ти ќе се прибереш еден ден покасно..затоа што тој страв нема. Коконата се омажила , па се преселила , па се оставила ,па се вратила и има дете што ќе учи со твоето дете, кажи и Добар ден… и она менувала пелени, мерела температура, собирала трошки од играчки, готвела трипати на ден, а и го јаделе само едното, се смеела и кога и се плачело..и се тоа САМА. Е смрдлата што ја пикнале на работа во болница на хирургија ..и не дека престанала да биде смрдла, ама кажи и Добар ден , затоа што тој ден ни она неможела да и помогне на сопствената мајка кога и ја донеле на работа, некои нејзини комшии што само они биле дома . Сите сме тука …заедно..бенетон.. А ЗА ТЕБЕ , незнам што зборат , ама кога ќе ти кажат Добар ден , убаво е да возвратиш затоа што и убаво е некому да му се најдеме. Автор- Trillian McMillan@don’t panic

Напишете коментар