Дневен ред за осмата седница на Советот на општина Василево
На 30. 03. 2018 год. (петок) со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи осмата седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
Завршна сметка на ООУ„Гоце Делчев“, Василево.
Годишен план за вработување на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за 2019 год.
Годишен план за вработување на општина Василево за 2019 година.
Предлог-програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2018 година.
Предлог-решение разрешување и именување на членови и претседател на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево.
Предлог-решение разрешување и именување на членови и претседател на Надзорниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево.
Измена и дополнување на Финансискиот извештај за надоместок на ОИК-Василево и ИО од општина Василево за локалните избори за 2017 година.
Предлог-решение за разрешување и именување на претседател на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој.
Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина.
Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисијата за еднакви можности.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.