Димитар Бајрактаров од СОУ „Јане Сандански“ ја освои третата награда на Европскиот Математички Куп
Димитар Бајрактаров ученик во трета година во средното општинско училиште „Јане Сандански“ ја освои третата награда на Европскиот Математички Куп (EMC) кој што се одржа во декември минатата година, а резултатите беа соопштени вчера. Бајрактаров се натпреваруваше во конкуренција со најдобрите математичари од девет европски држави Албанија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Грција, Литванија, Македонија, и Словенија. Натпреварувачите беа поделени во две дивизии, јуниорска и сениорска. Под менторство на професорот Елизабета Витанова, Димитар Бајрактаров се натпреваруваше во сениорската дивизија во која имаше силна конкуренција од 81 ученик.