Детската градинка во Василево доби донација играчки од Мани ДООЕЛ
Од денес дечињата во детската градинка „Прва радост“ во Василево ќе си играат со новите играчки – донација од фирмата Мани ДООЕЛ. Двете огромни кутии преполни со секави играчки беа причината поради која денес дечињата беа посебни среќни. За миг секое од нив си одбра своја омилена играчка и сите заедно, радосни заради подарокот „запловија“ во детската игра.
Благодарност до донаторот – компанијата Мани ДООЕЛ и нејзиниот сопственик, г-дин Марјан Јанков, од име на дечињата и вработените изрази директорката на детската градинка, г-ѓа Даниела Трајковска. „Денес во просториите на детската градинка „Прва радост“ во Василево, компанијата Мани ДООЕЛ донираше играчки наменети за дечињата над две годишна возраст, со кои ќе бидат опремени двете занимални во детската градинка во кои престојуваат две групи на дечиња од две до шест годишна возраст. Претставникот на компанијата Мани ДООЕЛ беше пречекан со голен радост а подароците дочекани со воодушевување од страна на дечињата и со голема благодарност од страна на вработените во детската градинка, изјави директорката Трајкова по приемот на донацијата.
Зборувајќи за значењето на донацијата директорката ја нагласи потребата од играчките за децата во воспитно образовниот процес: „Раното детство е периодот во кој кај децата се формира темелот на раното учење и развој. Во детската природа е потребата за блискост со природата, со играта…. и токму играчките се тие кои им се потребни на дечињата во оваа фаза на развојот. Посебно се важни едукативните играчки и играчките за развој на моториката, кои се од исклучителна важност во предучилишниот период бидејќи едноставно преку нив можеме да учиме преку игра“.
Потенцирајќи го значењето на донацијата директорката изрази надеж за продолжување на ваквата соработка и во иднина.