Денови на Свети Кирил и Методиј” во Терхова – Словачка
По повод 27мото одбележување на манифестацијата “Денови на Свети Кирил и Методиј” во Терхова – Словачка, по покана од претседателот на Трнавскиот самосправен регион Инг. Тибор Микуш, нашите македонски домакини господин Стојан Лекоски и неговата фамилија, неговата светост владиката Киро Стојанов, Градоначалникот и советот на Терхова и целата органицација на овој пресвет и преголем настан, Катедралниот хор на црквата ”Успение на Пресвета Богородица” – Струмица, беше дел од ова чествување на пресветите браќа Кирил и Методиј во Словачка. Покрај настапот на литургијата на св. Јован Златоуст во понеделик, каде во црквата посветена на провсетителите се одржа литургија во источен обред, во вторник тие имаа гала концерт заедно со Словачкиот коморен оркестар од Жилина, настапивме со хорски аранжмани на изворни македонски песни, кои публиката ги прифати со неверојатен интерес и воодушевување.