ДЕЦА СО ОШТЕТЕН ВИД МОЛАТ ЗА ДОНАЦИИ ЗА ДА КУПАТ ТВ ЛУПИ ЗА НИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
10-годишниот Давид и 13-годишната Катерина имаат оштетен вид и за да можат да го завршат своето образование нормално, потребни им се специјални ТВ лупи кои родителите не се во можност да им ги обезбедат.
Семејството Рајковски апелира до сите хумани луѓе и институции да им помогнат на младите Давид и Катерина преку донации.
Давид и Катерина се ученици, но тие не можат да ги извршуваат училишните обврски и задачи како нивните врсници поради краток вид, па поради тоа им се потребни специјални ТВ лупи, кои според некоја проценка чинат околу 10.000 долари. Двајцата родители се невработени и живеат со минимални финансиски средства за да можат да ги обезбедат специјалните лупи.
Донациите можат да се уплатат на хуманитарните сметки:
Давид Рујковски
300101000001840
Комерцијална банка
Катерина Рујковска
300101000001937
Комерцијална банка
или пак да директно да стапат во контакт со нивните родители на телефонскиот број: 070/255-982. Семејстото Руковски однапред се заблагодарува и апелира до сите хумани луѓе и институции да им помогнат на Давид и Катерина.