Дебата на тема-Каков избирачки список и попис ѝ се потребни на Македонија?
За да ја поттикне и да ја засили јавната дебата за нужноста од кредибилен и релевантен попис на населението и ажуриран избирачки список во кој граѓаните имаат доверба и кој претставува еден од клучните предуслови за фер, слободни и демократски избори, НВО Инфоцентарот во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Осми Септември и Центарот за развој на медиуми, организира дебата за тоа:
„Каков избирачки список и попис ѝ се потребни на Македонија?“
Двочасовната дебатата ќе се одржи на 12 мај 2016 година, четврток, со почеток во 12 часот, во Центарот на заедницата, Струмица.
Дискусијата ќе ја модерира Билјана Бејкова од НВО ИНфоцентар, а панелисти ќе бидат: Дончо Герасимовски, статистичар и поранешен директор на Државниот завод за статистика, Горан Лазаревски од МЦЕО и Владимир Вангелов од Осми Септември.