Да помогнеме-Самохран родител остана без својот дом
58 годишниот Страхил Стоилов од село Владевци, струмичко од неодамнешното невремето кои го зафати регионот остана без својот домот. Страхил живее со неговата мајка 85 годишната мајка Велика и својот син дванесет годишниот Александар. Старата куќа во која живеат остана на половина, односно едниот ѕид од силното невреме се сруши, а и на останатиот дел од куќата му претстои истата опасност. Страхил е самохран родител и живее од социјалната помош која ја зема од државата.
Неговите роднини и пријатели од селото му помагаат колку што можат и упатуваат апел преку Струмица Денес до сите добронамерни луѓе и институции во државата да му помогнат на ова семејство.
Сметката за донации е: 210-5015780878.11 НЛБ Тутунска Банска, Стоилов Страхил, Владевци бр.4 – Василево