Црвен Крст во Посета на о. Ново Село по Повод Недела на Борба Против Шеќерната Болест
Црвен крст Струмица како на претходната акција која се случи во СВР Струмица каде на сите крводарители им беше вршено и мерење на шеќер по повод неделата која следуваше ,, Недела на борба против шеќерната болест“ од 10-16 Октомври. Овој пат по предвидениот план за крводарителски акции вршеше мерење на шеќер во крвта кај населението од Општина Ново Село , а воедно и со службата за трансфузиона медицина се спроведе крводарителска акција по истот план на која граѓаните од оваа општина не за прв пат ја искажуваат својата хуманост со дарување на својата драгоцена течност крвта. Посета и поздрав на акцијата добија и од градоначалникот на Општина Ново Село Г-дин Блажо Велков кој секогаш излегува во пресрет кога станува збор за организирање крводарителски акции како и друг вид хуманитарни акции што би можеле да се спроведат во истата општина со што упатија голема благодарност како до градоначалникот така и за извонредниот организатор и мотиватор на крводарителски акции во Општина Ново Село Г-ѓа Силвана Маркова која покрај известувањето на населението со плакатирање и усмено пристапува кон дарителите да ги информира кога се случуваат крводарителските акции во оваа општина.