Црвен Крст со Едукативни Предавања во Рамките на Неделата на Борба Против Тубреколоза
Општинската организација при Црвен крст Струмица, во рамките на Неделата на борба против Туберкулоза од 14-21 септември, одржа едукативни предавања во КПУ “Затвор”- Струмица на ден 14.09.2015год , како и на волонтерите во Клубот на млади при ООЦК Струмица на 15.09.2015год. Предавањето се одржа од страна на врсничкиот едукатор Танкица Стојанова и волонтерот Александар Момчилов. Се се’ одвиваше во најдобар ред, со тоа што учесниците се здобија со нови корисни информации на темата која е доста развиена во денешницата, Туберкулозата.