Црвен Крст организираше крводарителска акција во СВР Струмица
Црвен крст Струмица на 17 Февруари ( Среда ) организираше крводарителска акција во соработка со службата за трансфузиона медицина во простотиите на СВР Струмица каде својата хуманост ја искажаа вработените во СВР. Позитивната енергија, чувството на исполнетост што ќе се спаси нечиј живот беше толку многу присутна што имаше вработени кои собраа храброст да даруваат крв за прв пат.
Од Црвен Крст-Струмица изразија голема благодарност до надлежните што дозволија да се спроведе оваа акција успешно. Тие се надеваат дека соработката со истите ќе продолжи и понатаму