ЦПЛИП ПОРАКА „Поблиску до народната традиција“
ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица на 02.06.2016 г. (четврток) во просториите на Социјалниот клуб со почеток од 16:00 ч., одржа работилница под наслов „Поблиску до народната традиција“, која е во рамките на Годишната програма за работа за 2016 година, која ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица ја спроведува со финансиска поддршка на Општина Струмица. Работилницата беше во заедничка соработка со Етно вешти жени – Струмица.
Оваа активност има за цел приближување на народната традиција до лицата со интелектуална попреченост. На работилницата се изработуваа ракотворби, цртежи и се бојадисуваа глинени вазни со фолклорни мотиви, со цел поттикнување на потенцијалот за самостојно изразување. На оваа наша средба со Етно вешти жени – Струмица ги договаравме идните наши заеднички активности и работилници. Вештите жени во иднина ќе ни помагаат при изработката на ракотворбите и креациите со фолклорни мотиви и ќе бидат дел од нашите работилници.