Членовите на Платформата Граѓанска Демократија Бараат Извинување од Советниците на Вмро Дпмне

 

ДО 

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица  
 
Предмет: Барање за извинување и јавно повлекување на изјава 
Дата: 24.09.2015 година 
 
Ние, организациите, членови на платформата „Граѓанска демократија“, во согласност 
со чл.13 и чл.14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета (Службен весник 
на РМ бр.143 од 14.11.2012 година) се обраќаме до Вас со барање за извинување, а во врска 
со  прес реакцијата одржана на 22.09.2015, која сама по себе е контрадикторна и содржи 
клевети и навреди изнесени против членките (НВО организации) на платформата „Граѓанска 
демократија“. 
Во врска со горе наведеното, а во насока на ублажување на штетата, по приемот на 
ова барање очекуваме во рокот определен со закон да излезете со соодветна изјава за 
извинување или јавно повлекување на кажаното, кое е полно со клевета и навреда против 
членките (НВО организации) на платформата „Граѓанска демократија“, во спротивно ќе 
бидеме приморани да поднесеме тужба за утврдување на одговорност за навреда и 
надоместување на штета за истата. 
 
Со почит, 
Платформа „Граѓанска демократија“ 
e12e2221e2e121e21
 

Напишете коментар