,,Чистота,, ја Чисти Трим Патеката ,,Ловен дом – Св. Илија,,
ЈПКД ,,Комуналец,, продолжува со активностите за отстранување на дивите депонии во градот и населените места. Денес екипа на Работната единица ,,Чистота,, го отстрануваа отпадот од непосредната околина на манастирската црква ,, Св. Илија,, како и долж трим патеката ,,Ловен дом – Св. Илија,, . Според раководителот на РЕ ,,Чистота,, Бранко Ѓоргиев, најголем дел од подигнатиот отпад, отпаѓа на пластични шишиња и друг вид пластичен отпад, па апелира до граѓаните кои секојдневно ја користат трим патеката, во иднина да се воздржат од фрлање на таков вид отпадоци.
Бранко Ѓоргиев: ,,Јавното претпријатие за комунални дејности ,,Комуналец,, од Струмица продолжува со акцијата за расчистување на сите диви депонии и одржувањето на јавната комунална хигиена. Денес екипата на Работната единица ,,Чистота,, се наоѓа на комплексот ,,Св. Илија,,. Како што се расчистуваат дивите депонии, така се расчистува итрим патеката по целата нејзина должина, почнувајќи од ,,Ловен дом,, па се до комплексот ,,Св. Илија,, . Имам еден апел до корисниците на трим патеката. Од денешното чистење произлезе дека има голема количина на пластичен отпад. Затоа апелирам до граѓаните кои ја користат патеката, во иднина што помалку да го одложуваат таквиот отпад на овие површини, бидејќи тоа ќе биде лоша слика за нашиот град,, .