Четириесет и петтата седница на Советот на општина Ново Село
Денес на 28.01.2016 година, Советот на општина Ново Село ја одржа четириесет и петтата седница на чиј дневен ред беа девет точки:
1. Предлог-Програма за работа на Дом на култура ,,Јане Сандански,,- Ново Село ;
2. Предлог-Одлука за утврдување на цена за приклучок и одржување на фекален канализационен систем во село Ново Коњарево ;
3. Предлог-Одлука за утврдување на цена за вода за пиење во населено место Старо Коњарево ;
4. Предлог –Одлука за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈПКД ,,Комуна,,-Ново Селo;
5. Предлог-Одлука за утврдување надворешен член во Комисијата за давање на мислење на нацрт планови на Општина Ново Село и утврдување на надоместок за истиот;
6. Иницијатива за одобрување на изработка на урбанистички план за Вон населено место Смоларе ;
7. Предлог-Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици за 2016 година;
8. Известување за конфликт на интерес на градоначалник на Општина Ново Село ;
9. Разгелдување на молби и барања.