Честитка по повод Курбан Бајрам од градоначалникот на општина Василево
Почитувани сограѓани припадници на Муслиманската вероисповед!
Со желба за духовен мир и меѓусебна хармонија, искрено и од срце, од мое лично име и од име на локалната самоуправа Ви го честитам празникот Курбан Бајрам и Ви посакувам многу здравје, љубов и радост.
Среќа, бериќет и благосостојба да ги исполни Вашите и домовите на Вашите најблиски.
Во овие празнични денови кога богатиот го дарува сиромашниот, кога секој секому подава рака и со чиста душа и отворено срце упатува желби за добро здравје, среќа и бериќет, во секој дом нека се всели хармонија, мир и спокој; да завладее љубов меѓу ближните и соседите, да ги надминат недоразбирањата раскараните.
На темелот на меѓусебна верба и разбирање да продолжиме да го негуваме пријателството, да си помагаме едни на други и заедно да чекориме напред градејќи подобро утре за сите нас.
Почитувани сограѓани, Муслимани!
Искрено и од се срце Ви посакувам милоста божја да ги исполни Вашите срца и души, домовите да Ви бидат храмови на милоста, добрината, солидарноста и соживотот, а празничната светлина да Ве осветлува во овие и во сите останати денови од годината.
Нека Ви е среќен празникот Курбан Бајрам