Центарот на заедницата организираше јавна дебата на тема „Зошто да останам“
Центарот на заедницата на општина Струмица организира јавна дебата „Зошто да останам?!“, која се одржа во понеделник, 14 декември. Целта на дебатата беше да се лоцираат можностите кои им се нудат на младите едуцирани граѓани во општина Струмица и причините заради кои не би се иселувале од општината.
На јавната дебата, најпрво беа презентирани резултатите од истражувањето за причините за миграција на младите од општина Струмица, спроведено од страна на Центарот на заедницата на општина Струмица. Потоа зборуваа претставник од Советот на општина Струмица, ученик, професор, новинар и младо вработено лице, во врска со нивните ставови и мислења за причините за миграција, степенот на задоволување на потребите на младите во општина Струмица и нивни препораки за унапредување на животот на младите и креирање политики на општинско ниво за задржување на младите.
Граѓаните, како дел од публиката, имаа можност активно да се вклучат во јавната дебата и дискусија.
Оваа јавна дебата и истражувањето за причините за миграција на младите се дел од работниот план на Центарот на заедницата на општина Струмица, во склоп на концептот „Општина по мерка на граѓаните“, кој Фондација Отворено општество – Македонија го спроведува во партнерство со Општина Струмица.