„Царот Владислав“ вечерва во театарот Антон Панов
Во Струмица на малата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“, струмичкиот театар вечер премиерно ќе ја прикаже праизведбата на претставата „Царот Владислав“ по текст на Борис Јанков, а во режија на Бранко Ставрев.
Ова е четврта премиера на НТ „Антон Панов“ за сезонава, а е работена по текст дебитантски текст на авторот, струмичанецот Борис Јанков.
– Вечер ќе ја имаме праизведбата на оваа претстава која е работена по текст на нашиот сограѓанин Јанков кој не изненади со текстот кој е работен по мотиви на проф.д-р Драган Ташковски во истоимениот роман. Пиесата е пишувана во стих кое е едно од најтешките драматуршки зафати, а тоа мошне успешно го направил Јанков. Неколку години се мислевме како да ја поставиме претставата и на крај режисерската палка ја прифати Ставрев – рече на денешната прес конференција, раководителот на театарот, Драган Маџиров.
Авторот истакна дека му претставува особена чест што неговото првенче е објавено како пиеса, а сега и поставено во претстава.