Бигорското секојдневие низ монашката песна „Среде пустинската убост“
Видео запис за монашката песна „Среде пустинската убост“, изработен од стручни тимови составени од директори на фотографија, продуцент, монтажер и режисер, веќе извесен период наназад присуствуваа во Бигорското светилиште, трудејќи се да го стават на камера секојдневниот монашки живот во Обителта.
Станува збор за песна која е своевиден приказ на монашкото секојдневие, составена од светогорски монах, што Бигорското братство ја преведе и препеа, создавајќи композиција која плени со прекрасните стихови што ја искажуваат длабочината на монашкиот живот, а архаичната мелодија, пак, успешно го пренесува мистичниот амбиент во кој живее и се движи монахот.
Стручен тим:
Режија и монтажа: Горан Костадинов
Камера: Кристијан Теодоров, Александар Ивановски
Дрон: Дарко Данилов
Постпродукција: Огнен Шапковски