Базични Обуки за Инклузивно Образование
Секое дете има право на квалитетно образование кое ги почитува и промовира дигнитетот и оптималниот развој на детето. Водејќи се од ова, основното општинско училиште „Видое Подгорец“ во соработка со УНИЦЕФ, БРО, Македонскиот центар за граѓанско образование, а со поддршка на општина Струмица, се вклучи во проектот „Инклузивно образование на ранливи групи“. Во рамките на проектот, деновиве се реализираше првиот модул базични обуки за инклузивно образование. Ова образование е процес со кој се обезбедува учество и учење на сите ученици. Во првиот модул фокусот е ставен на наставниците и останатите професионалци кои работат во формалната образовна средина, затоа што тие се двигатели на инклузивниот процес, кои со своите знаења, вештини и ставови, почитувајќи ги правата на децата ќе го направат своето училиште поинклузивно.