Атлетичарот Ристе Пандев е најдобриот спортист во општина Струмица за 2016 година
Во големата сала на домот на АРМ, синоќа се одржа традиционалниот избор на најдобрите во спортот за 2106 година. Покровител на оваа спортска манифестација беше општина Струмица, а истата се одржа во организција на Оптинскиот сојуз на училишен спорт. На манифестацијата присуствуваа и наградите ги врачија заменик градоначалнкот Костадин Костадинов, претседателот на Советот Јосиф Христов и членов на истиот. За најдобар спортист беше прогласен атлетичарот Ристе Пандев, за најдобра спортска екипа во сениорска конкуренција беше прогласен сениорскиот тим на фудбалскиот клуб „Академија Пандев“, а за најдобар тренер во оваа категорија беше прогласен Панче Стојанов. Академија Пандев ја освои и наградата за најдобра млада спортска екипа, а тренерот Југослав Тренчовски за најдобар тренер во младинските категории. На синоќешниот избор беа врачени и плакети на спортските клубови кои во 2016 година славеа годишни јубилеи, а признанија добија и клубови и екипи кои во минатата година се истакнаа со учество на меѓународни натпревари и развој на младинскиот спорт.
Заменик градончалникот Костадин Костадинов потенцираше дека општина Струмица од секогаш давала максимална поддршка на спортот.
-Струмица е една од општините која најмногу финансира во спортот во Република Македонија. Општина Струмица издвојува 14,5 милиони денари од буџетот од програмата за спорт. Секако, секогаш може и повеќе, но имајќи ги во предвид финансиските можности на Општината и имајќи ја во предвид економската ситуација во државата, ние мораме да балансираме и да придонесеме општинскиот буџет да ги задоволи сите целни групи на граѓани. Ќе повторам, спортот секако е од оние целни групи кои имаат предничат во буџетот, рече Костадинов.