Асфалтирани две улици во Висока Маала
Викендов, во населеното место Висока Маала општина Василево асфалтираше две улици. Една со должина од 170 метри и ширина од 3метри и друга помала, со должина од 85 метри и ширина од 3 односно онолку колку што дозволуваат условите на теренот.
„Улиците кои денес ги асфалтираме се на две важни локации за селаните, Горна маала и Долна маала. Иако за многумина жители беше скоро неверојатно дека овие улици ќе добијат асфалт поради непристапниот терен, ние тоа го направивме. Подготвивме проект и еве денес почна реализацијата која сметам дека ќе заврши најмногу за два дена, по што жителите од двата краја на селото може да ги уживаат бенефитите“, изјави градоначалникот Стојанов кој и самиот присуствуваше на асфалтирањето во Висока Маала.
Стојанов нагласи дека набргу ќе почне асфалтирањето улица во Анѓелци, како и рамнење на теренот во школскиот двор каде што Агенцијата за млади и спорт ќе гради повеќенаменско игралиште
Задоволство од реализираното изразија и жителите на Висока Маала, бидејќи со изградбата на овие улици им се подобрува квалитетот на живеењето.
Средствата за овие две улици се обезбедени од Буџетот на општина Василево. Градежните активности на терен ги реализираше компанијата „Жикол“ од Струмица.