Асфалтиран регионалниот пат А4 – Струмица во делот на с.Ангелци
„Македонија пат“ асфалтираа дел од регионалниот пат А-4 Вељуса, поточно делот од овој патен правец кој се протега низ населеното место Ангелци . Асфалтирана е делница во должина од околу 1,5 км, односно делот кој беше најоштетен. Денес се ставаше вториот, финален дел од асфалтот на кој му претходеше подготовка за асфалтирање и пополнување со асфалт на оштетувањата. Се работи за регионален пат кој во делот на општина Василево поминува низ населените места Градошорци и Ангелци поради што има не само голема оптеретеност со возила, туку и голема фреквенција на пешаци.
Средствата за оваа активност се обезбедени од Агенцијата за државни патишта.
„Она што во изминатиот период беше ветување, еве веќе стигнавме и до негова реализација. Всушност ова беше и во Програмата на Владата на РМ и во програмата на општина Василево. Соработката со институциите на Владата на РМ поконкретно со Агенцијата за државни патишта резултираше со оваа активност, поставување нов слој на асфалт на овој пат во должина од 1,5 км. За целосно доасфалтирање односно поставување на нов слој асфалт остануваат уште околу 800 м. кои ќе бидат реализирани во наредниот период“, изјави градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов кој денес беше во с. Ангелци, на делницата што се асфалтираше. „Асфалтирањето на оваа делница значи подобрување на целокупната инфраструктура како на Република Македонија така и на општина Василево, притоа нагласувајќи го значењето на овој пат и за развојот на црковниот туризам, бидејќи преку истиот се оди за Вељуса каде се наоѓа познатиот Вељушки манастир.