Асфалтиран е нов крак од улицата „Ѓуро Салај“
Согласно Програмата за улици и патишта на општина Струмица, извршено е асфалтирање на новиот крак од улицата „Ѓуро Салај“ во должина од 220 метри во блок 36 и 37 кој што го поврзува Софилар со централниот дел на градот. Кракот е изграден со средства од општинскиот буџет.