Асфалтиран е дел од улицата „Тоше Проески“ во урбаните блокови 36 и 37
Општина Струмица продоложува со уредувањето во урбаните блокови 36 и 37, односно, кај новите станбени комплекси на местото на поранешната касарна. Асфалтиран е дел од улицата „Тоше Проески“ на површина од 2.541 метар квадратни. Овој зафат е реализиран со средства од буџетот на општина Струмица.