апочнува изградбата на ново осветлување во Градскиот парк
Во струмичкиот Градски парк, градоначалникот Коста Јаневски одржа прес конференција, на која го најави проектот за модернизација и почетокот на изградба на ново осветлување во паркот. Проектот предвидува поставување на 97 нови канделабри со лед осветлување, од кои 24 ќе бидат со јачина од 80 W и со регулација на интензитетот на светлината , 64 со моќност од 38 W и можност за регулирање на интензитетот на светлината и 9 со јачина од 80 W со регулација на светлината и сензор за зголемување на интензитетот на светлината при движење. Овие 9 канделабри ќе бидат поставени на потегот од споменикот „Македонија“ до амфитеатарот. Вкупната вредност на оваа инвестиција која ќе овозможи подобро осветлување на Градскиот парк и заштита на енергија, изнесува 4.742.600 денари.