Актерот Гери Олдман освои Оскарот за најдобар актер во филмот „Darkest Hour“
Филмот „Shape of Water“, во режија на Мексиканецот Гилермо дел Торо, е голем победник на 90 доделување на Оскари, од страна на американската Академија за филмски уметности и науки.
Актерот Гери Олдман освои Оскарот за најдобар актер во остварувањето „Darkest Hour“. Како уште еден од фаворитите, со осум номинации, овој филм на Кристофер Нолан освои три Оскари.
Оскарот за најдобра актерка го доби Френсис Мекдорманд, за улогата во филмот „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“ додека наградата за најдобра машка споредна улога во истиот филм му беше доделена на Сем Роквел.