Академија Пандев го подигна пехарот
Академија Пандев го живее својот фудбалски сон, за само три сезони успеа да се пробие од општинската до Првата македонска фудбалска лига и од следната сезона ќе игра меѓу елитата.
Фудбалските херои на градот Струмица, екипата на Академија Пандев, вчера и официјално беше промовирана во нов прволигаш, откако го одиграа и последното коло во ВМФЛ. Иако познато беше уште претходно дека Академија Пандев патува во Првата македонска фудбалска лига, во последното коло пристапија по опуштено, и денеска на стадионот „Кукуш“ во Струмица, одиграа само 1:1 против екипата на Скопје.
Веднаш потоа го подигнаа шампионскиот пехар во ВМФЛ и беа промовирани во новопечени прволигаши.
Освен екипата на Академија Пандев, следната сезона во македонската фудбалска елита патува уште и екипата на Скопје кој им беше денешен противник, додека екипата на Новаци ќе бара пласман во прва лига преку бараж натпреварот.