Театарска престава „Арлекин, слуга на двајца господари“ од Столе Велков Трн

На 20 март во 20.00ч во Културниот дом на општина Босилово ќе се изведе театарската претстава „Арлекин, слуга на двајца господари“ од Карло Голдони, во режија на Столе Велков Трн.


Ова е текст од првата етапа на творештво на италјанскиот комедиограф и успешен реформатор на италијанскиот театар, Голдони, кој тогаш пишувал комедиии во кои настојувал да се отргне од силното влијание на комедија дел арте. Со тоа тој го градел патот на новата драматургија на граѓанскиот театар.
Театарската претстава се спремаше во рамките на проектот „Ревитализација на руралните средини преку уметност и култура“ со партиципативно учество на младинци од општина Босилово и општина Струмица и во соработка со КУД „Гоце Делчев“ и поддршка на општина Босилово.

Напишете коментар