Хорти Еко го посетија 25-от Меѓународен земјоделски саем АГРА 2016 во Пловдив, Р.Бугарија
Група фармери во организација на здружението Хорти Еко од Струмица на 28.02.2016 година го посетија 25-от Меѓународен земјоделски саем АГРА 2016 во Пловдив, Р.Бугарија. Станува збор за еден од најголемите Интернационални саеми на кои беа презентирани најновите светски достигнувања во делот на механизација, опрема и репроматеријали. Целта на саемската посета беше да се разменат искуства и идеи, да се види практичната примена на новите техники и технологии во аграрот како и нивно поттикнување и примена кај нас, остварување на бизнис средби, реплицирање на иновативни начини на производство. Во склоп на саемот веќе 4-та година по ред, фармерите имаа можност да го посетат и саемот за органско производство БИО АГРА 2016.