ООУ Гоце Делчев од Василево -Домаќин на Државното првенство во Одбојка
ООУ Гоце Делчев од Василево ќе биде домажин на државниот натпревар во одбојка кој ќе се одржи во Василево, со оглед на одличните резултати кои одбојкарите од основното училиште ги постигна минатата година.
Директорката Емилија Котева ја искажа благодарноста до општината и градоначалникот Ване Стојанов за добиената подршка за реализацијата на овој проект.
Ќе учествуваат околу шеесетина дечиња од Скопје, Велес, Битола, Крушево и Василево.
Котева испрати покани до сите жители од Василево да дојдат и да ги бодрат своите дечиња и се надева дека екипата од Василево повторно ќе биде меѓу најдобрите.
Државниот натпревар ќе се одржи од 3-5 март