Магистралниот пат Василево –Градошорци целосно ќе се осветли
Јавното претпријатие за државни патишта, на територијата на општина Василево изведува активност на поставување на подземни кабли за осветлување на делот од магистралниот пат М-6 на просторот меѓу крстосниците за влез во Василево и влез во Градошорци.
Пред неколку месеци беа осветлени крстосниците за влез во Василево и Градошорци и надвозникот што води кон Доброшинци во правец на поранешниот мотел Карбино.
Според информацијата од градоначалникот на општина Василево. г-дин Ванчо Стојанов, ова доосветлување на магистралниот пат во делот меѓу крстосниците е на барање на општина Василево, која ќе инсистира и ќе прави напори во наредниот период да биде доосветлен и делот од крстосницата кај Градошорци до надвозникот односно клучка Доброшинци со што овој особено фреквентен дел од М-6 кон кој гравитираат повеќе населени места ќе биде целосно осветлен со што ќе биде зголемена безбедноста на сите учесници во сообраќајот во ноќните часови.
Оваа активност нема финансиски импликации врз Буџетот на општина Василево и истата целосно е финансирана од Јавното претпријатие за државни патишта на Р.Македонија.