Дали Медот може да ја зголеми вашата тежина
Медот е супер природна храна и за неговото лековито дејство нема потреба да зборуваме, со векови наназад се пишувало и се зборувало за неговото големо значење во лекувањето.
Медот ги содржи сите потребни состојки кои се неопходни за правилен раст, развој како и за функционирње на организмот.
Заради неговите состојки во последно време многу се зборува за неговата употреба во разните диети како и за калориите и околу тоа дали може да се користи при слабеење.
Постојат диети каде главниот сегмент е Медот, него го користат спортистите, доста е добар за децата како и при лекување на многу болести, но дали употребата на Медот може да ги намали вашите килограми ?
Медот создржи висок процент на фруктоза, а соодносот со гликозата е 1 спрема 1.
Тој делува како стабилизатор на нашиот организам и поточно ја регулира гликозата во крвотокот.
А кога нивото на гликозата е стабилно доаѓа до согорување на мастите во организмот.
Медот е високо калорична храна која доколку се користи во големи количини како и другите видови на калорични намирници ќе придонесе за зголемување на вашата тежина.
Тој треба да се користи во мали количини и може да биде замена за штетниот рафиниран шеќер, но сепак доколку водиме грижа за нашите килограми, иако медот има доста состојки кои се добри за организмот, доволно е по една лажица на ден да се конзумира.
И секако покрај диетата потребна е физичка активност, доколку сакаме да постигнеме напредок во намалувањето на вишокот килограми.