Филмот- Златна Петорка се наоѓа во завршна фаза на монтажа

Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски се наоѓа во пост-продукција и е во завршна фаза на монтажата. Филмот го монтира култниот Андрија Зафрановиќ (монтажер на филмовите на Кустурица „Татко на службен пат“, „Дом за бесење“, „Аризона дрим“ и на уште 80-тина филмови). Асистент при монтажата е Аристид Филактов. Финалната пост-продукција, тонскиот сараунд микс и колор-обработката ќе продолжат до летниот период.

 

Претставници од продукцијата ќе имаат средби со потенцијални дистрибутери на Берлинскиот и на Канскиот фестивал. Филмот се планира да биде готов до август, а домашната премиера е планирана во Струмица. Од филмот ќе произлезе и серија во 5 епизоди која наесен ќе се емитува на МТВ. Интересно е што за само три дена на јутјуб, откако беше поставен работен инсерт од филмот, имаше 10.000 гледачи, што е вистински успех од аспект на интерес од публиката.

Напишете коментар