Во 2015 година е реализиран висок процент на наплата на даноците
Во 2015 година од даноци и такси општина Струмица остварила вкупен приход од 86.653.930,00 денари што е за 8,10 проценти повеќе во однос на 2014 година. Од даноци се остварени вкупно 71.095.249,00 денари, а останатите 15.558.681,00 денари од наплатата на такси. Според информациите од одделението за администрирање на приходи, кај данокот на имот од физички и правни лица реализирана е вкупна наплата од 17.354.005,00 денари или 82,48 проценти.
Кај данокот на промет на недвижности остварена е наплата од 51.948.347,00 денари или 100 проценти, а стопроцентна наплата има и кај данокот на наследство и подарок со наплатени 1.792.897,00 денари.
Во делот на комуналната такса (фирмарина) остварена е наплата од 14.107.796,00 денари или 65,10 проценти, а 1.450.885,00 денари се наплатени од други видови на такси (користење на простор, музика, плоштади).
Високиот процент на наплата на овие даноци значат продолжување на успешниот развој на општина Струмица, затоа што овие приходи кои одат директно во општинската каса, преку проекти повторно се враќаат кај граѓаните.