Голем интерес за „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“

 Заентересираните струмичани секој понеделник и вторник од 10 до 15 часот за „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе можат да се информираат за проектите во подрачните канцеларии на министерството за финансии.

 

Обучени вработени кои работат во овие канцеларии  ќе ги даваат потребните информации за младите полесно да се запознаат со условите што ги нуди проектот и да дојдат до сопствен дом. Од утрово интересот е голем, изјави Катерина Трајкова од  министерство за финансии п.е Струмица.
Граѓаните кои денес ги затекнавме пред шалтерите велат дека дошле да се запознаат со она кое се нуди. Анкета Поддршката на минстерството за финансии кон апликантите е 80 отсто субвенција на ратата и тоа главнина и камата во текот на осум години и уште три години субвенција од 50 отсто на ратата, или 100 отсто од учеството за кредит.

Напишете коментар