За Вкусен Доручек- Полна Погача

Започнето го денот со богат доручек и припремете вкусно јадење за вашите најблиски.

За денеска ви препорачуваме Полна Погача, за оваа вкусно јадење потребно ви е…

  • 800 g брашно
  • 20 g квасец
  • 3 јајца
  • 1 лажица шекер
  • 2 лажици сол
  • 250 g маргарин
  • 50 g сусам
  • 100 g ситно сирење
  • 100 g сув врат
  • 100 g кашкавал
  • 100 g печена сланина
  • 2  главици млад кромид……

Замесете го тестото и оставете го да накисне и потоа повторно треба да се размесе и да отстои уште 15 минути.Развлечете го тестото  на голема кора и намчкајте го со маргарин па преклопете го на пола па повторно намачкајте го со маргарин и треба да отстои повторно 15 минути.

Потоа направете круг од тестото и исечете го на мали триаголници, во нив ставете ги состојките и сите триаголници спојте ги заедно, намачкајте ги со жолчка и посипете сусам.

Тоа треба да се пече на температура од 180 сепени околу 45 минути во зависност од вашата рерна.

Имајте пријатно јадење.

 

Напишете коментар