Советот на општина Струмица ја одржа 35-та седница

Денеска Советот на о.Струмица ја одржи редовната 35 седница.
На денешната седница имаше 5 точки на дневниот ред и тоа…
1. Предлог – План за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2016/2017 година;
2. Предлог – Одлука за долгорочно задолжување на Општина Струмица;
3. Предлог-Одлука за одстапување на моторно возило (трактор) на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
4. Извештај за работата Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица за 2015 година; и
5. Предлог-Решение за именување претставник на Општина Струмица во Управниот одбор на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица.


Најмногу се дискутираше под првата точка , односно по Предлог – План за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2016/2017 година;
Сите точки беа едногласно освоени, единствено советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлог планот за долгорочно задолжување на Општина Струмица, со образложение дека буџетот на општина Струмица е доволно богат и нема потреба од долгорочно задолжување.

Напишете коментар