Секој празник во Црквата има една и единствена цел – причестување со Светите Тајни Христови-Митрополит Струмички Наум
Митрополит Струмички г.Наум: Најдобар ориентир по кого и најнеинформираните верници можат да се управуваат е причестувањето со Светите Тајни на Телото и Крвта Христови во Светата Литургија на Црквата.Секој празник во Црквата има една и единствена цел – причестување со Светите Тајни Христови.Без остварување на оваа цел,може да стане збор за сѐ, само не и за верско и побожно славење на Бог.За употреба на овој ориентир нема потреба од не знам какво познавање на догмите, каноните или црковните правила,ниту од итна консултација со духовен отец.Ако се водиме од правилото на причеста, тогаш од бадниковата трпеза вечерта треба да исфрлиме се што е зготвено со зејтин.Не треба да јадат со масло оние кои утредента сакаат да се причестат на Божиќната литургија.Гравчето наместо со зејтин,можеме само да го свариме.Макалото кое се прави од компири и пиперки, исто така можеме да не го запржиме со зејтин.За рибата, веќе да не станува збор.
Но, посна вечера со зејтин можат да вечераат и оние кои утредента не се причестуваат, иако е убаво сите да бидат дел од Божиќната литургија.Секој различно и по свое различно убедување, пости.Некој тоа го прави цел, 40 дневен пост,некој само последната недела од постот.-„Се случува ли таму на огновите пиење на алкохол и слушање и играње на музика-за храната веќе говоревме,се знае дека е тоа спротивно на постот,а со самото тоа недозволиво пред Причест.Така што,ако главен ориентир при секој дочек на некој црковен празник ни е причестувањето со Христос,тогаш никогаш нема да погрешиме при решавањето на пројавените недоумици.Друго прашање е, на пример, дали одредени обичаи при црковните празнувања се пагански заостатоци или се туѓи,или се и едно и друго.На пример, палењето на огнови и собирањето и делењето на бадниковите гранчиња.За палењето огнови сите имаме доволно памет за да знаеме каков обичај се тие, иако може да им се даде и христијанска симболика.Но,ако на огнот ги додадеме алкохолот,музиката и световните песни и игри,тогаш колку и да сакаме нема да успееме да му додадеме и христијанска симболика – нема Причест, нема христијанство. Собирањето и делењето на бадникови гранчиња е само српски народно-црковен обичај и ниту на една друга помесна Православна Црква или народ, исто како и кршењето на лебот со паричката на бадниковата вечера.Оттука па натаму, ништо нема да кажам – секој нека се определи сам.За дочекот на Христовото раѓање најважен е оној духовен дел,кога човек со смирение, трпеливост, кроткост, молитва, почесто одење во Црква, присуство на литургии, исповед и причест се подготвува за Рождеството.
За да се сочува духот,за време на постот,препорачливо е да се читаат книги со духовна содржина, да се ограничи приемот на информации од медиумите, времето да се помине во тихување и мирување.
Или со еден збор, нашето битие да биде исполнето со љубов, како кон нашите најблиски така и кон непријателите.
По што би се разликувале ние од оној што не навредува ако вратиме со иста мерка.
Запомнете, доколку навредувате човечко битие, исто како да упатувате навреди кон Христа!