Лео Клуб Струмица денеска беше во посета на Јавната установа Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ – Струмица.
Во духот на новогодишните и божиќните празници, Лео Клуб Струмица денеска беше во посета на Јавната установа Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ – Струмица.
За најмалите штитеници во Заводот дониравме новогодишни пакетчиња, а за останатите приредивме пријатно изненадување со торти и колачи подготвени од Етно вешти жени од Струмица. Се надеваме дека успеавме, со нашите скромни подароци и забавата која ја приредивме за овие лица, да придонесеме за нивна радост, среќа и насмевки.
Нека ни биде на сите Среќна Новата година и нека не само овие денови, туку 365 дена во годината мислиме на лицата на кои им е потребна нашата помош и поддршка. Лео Клуб Струмица и во новата 2016 година ќе се залага и ќе се потруди да им служи на овие лица, а и на целата заедница!
Благодарност до Етно вешти жени што се приклучија на нашата акција со нивните вкусно приготвени торти и колачи!
Ви пренесуваме дел од позитивната атмосфера!