УМС со прес-конференција за трибината „На Македонија и треба твојата идеја“

УМС на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција на која ја најави трибината која е дел од караванот на трибини низ Македонија кои се одвиваат под мотото „На Македонија и треба твојата идеја“.

Трибината во Струмица ќе се одржи на ден 26.12.2015 во Домот на културата „Антон Панов“ во 18:00 часот.

Претседателот на УМС, Владимир Ристов ги покани граѓаните да ја дадат својата идеја со што ќе дадат значаен придонес во изработувањето на програмата за работа која владеачката партија ќе ја претстави на овие избори во април 2016 година.

 

 

Напишете коментар