Нов кров на опожарениот дом на културата во Вељуса
Почнаа подготовките за санирање на штетите на опожарениот дом на културата во населеното место Вељуса. Оштетениот кров ќе биде заменет со нов за кој од буџетот на општина Струмица се издвоени 336.000 денари. Според најавите овој зафат ќе заврши за десетина денови, а целосна реконструкција на домот е планирана за наредната година.