Основните и средните училишта со повеќе активности на Денот на дрвото
Основните и средните училишта во општина Струмица денеска реализираа повеќе активности на Денот на дрвото. За учениците од прво до петто одделение во основните училишта се одржа еколошки час, а учениците од останатите одделенија беа вклучени во генерално чистење на училишните дворови. Работно беше и во средните училишта, се садеа дрвца, цвеќиња, се уредуваа дворовите и внатрешноста на училишните згради.