Втора обука на Претставниците на МСП на Тема- Јавни Набавки
Регионалниот Бизнис Центар при Центарот за развој на Југоисточниот плански регион продолжува со имплементација на обуки кои имаат за цел поддршка на микро, малите и средните претпријатија од Југоисточниот плански регион, во рамки на проектот, Продолжување на работата на Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во југоисточниот плански регион.
Со таа цел денеска во просториите на хотел Есперанто се оддржа втората обука за преставниците на малите и средните претпријатија на тема Јавни Набавки.